Струга ТЛ се раздели од уште еден фудбалер

Поранешниот шампион Струга ТЛ објави дека се разделува од уште еден фудбалер, откако беше донесена одлука да биде прекината соработката со Киријакос Мазулуксис.

Грчкиот интернационалец минатото лето пристигна во Струга ТЛ од редовите на Паниониос и беше стандарден во таборот на овој тим. Мазулуксис одигра 24 натпревари во дресот на стружани, успеа да постигне и еден гол, но тоа беше недоволно за да се убеди управата да ја продолжи соработката со него.

„Со истекот на договорот меѓу двете страни, Киријакос Мазулуксис и Струга ТЛ ја завршуваат својата соработка. Му благодариме на грчкиот фудбалер за посветеноста и професионалноста во периодот во кој ги бранеше боите на нашиот клуб. Сите во клубот му посакуваме на Киријакос Мазулуксисдобро здравје и многу среќа во натамошната кариера“, објави Струга ТЛ.

Се вчитува...