Струга ТЛ се засили и со Бурхан Мустафов

Новиот прволигаш Струга Трим Лум го промовираше и четвртото засилување ова лето, Бурхан Мустафов кој доаѓа од редовите на Ренова.

Мустафов, кој е играч од средниот ред, претходно настапуваше и за Победа и Пелистер, а краток период беше член и на албанската Теута.

Претходно стружани се засилија и со Емран Рамадани, Урош Ѓуриќ и Христијан Кировски.

Се вчитува...