Струга ТЛ се засили со Амир Нухија од Шкендија

Амир Нухија, 21-годишен играч за врска на тетовска Шкендија, и еден од поталентираните играчи во Македонија, е нов играч на Струга ТЛ.

Нухија во минатата сезона настапуваше за Шкендија Арачиново, и беше еден од најзаслужните за пласманот на екипата во прволигашката конкуренција.

Потекнува од школата на Шкендија Тетово, а една полусезона во 2024 година мина во Арсими, Од септември 2025 година до завшрувањето на сезоната е дел од Шкендија Арачиново, по што се враќа во тетовските „црвено-црни“, од каде сега потпишува перманентен договор со Струга ТЛ.

 

Се вчитува...