Струга ТЛ со гол на Цветаноски во 92. минута ја победи Ренова за крај на есента во Првата лига (ВИДЕО)

Струга ТЛ дојде до значајна победа од 1-0 против Ренова во последниот натпревар од есенскиот дел од Првата македонска фудбалска лига.

На дуелот во Струга, кој мина главно во израмнета игра, домашните ја искористија бројчаната предност на теренот, откако Ренова од 64. минута играше и со фудбалер помалку по оправданиот директен црвен картон на Медин Бајрами.

Сето тоа беше искористено во 92. минута кога Дејан Цветаноски, кој во игра влезе во 84. минута постигна погодок за три бода на домашните.

По оваа победа Струга ТЛ со 26 бода дојде на само еден бод разлика од „гипсарите“ на петтата и шестата позиција на табелата по крајот на есенскиот дел.

Се вчитува...