Струга ТЛ со гол од пенал во 86. минута се спаси од пораз пред Брегалница, дебакл на Силекс во Тетово (ВИДЕО)

Шампионот Струга ТЛ се спаси од пораз на домашен терен од Брегалница во 27. коло од Првата македонска фудбалска лига. Стружани извлекоа бод со гол од пенал на Бесарт Ибраими во 86.минута за конечни 2-2, откако Брегалница претходно имаше водство од 1-2 по два гола во второто полувреме.

Шкендија, пак, во Тетово со убедливи 6-1 го „торпедираше“ Силекс.

Струга ТЛ до предност од 1-0 дојде со убавиот погодок на Шабани во 42. минута од средбата…

Но, шампионот доживеа вистински шок во второто полувреме. Најпрво Филип Стојчевски во 67. минута по прекрасната акција на гостите израмни на 1-1.

А, веќе во 72. минута нов извонреден настап на штипјани кој со убавиот гол на Ремзифаик Селмани дојдоа до водство и од 1-2.

За да избегнат пораз се погрижи Бесарт Ибраими со голот од пенал во 86. минута од средбата.

Во Тетово, Шкендија триумфираше убедливо со 6-1 против Силекс. Тетовци дојдоа до предност против Силекс од 18. минута по погодокот на Красниќи…

Но, Силекс успеа да израмни на 1-1 во 35. минута со ефектниот гол на Ефтимов.

Сепак, во второто полувреме тотален дебакл на кратовци. Најпрво Клисман Цаке во 55. минута повторно врати водство на домашните.

А, потоа со автоголот на Трако, Шкендија поведе и со 3-1, за да Красниќи со својот втор гол во 69. минута зголеми и на 4-1. На 5-1 зголеми Рамадани во 85.минута, а конечните 6-1 ги постави нововлезениот Аганспахиќ во 87. минута од натпреварот.

ПРВА ЛИГА – 27. КОЛО
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР 2-0
Тодоровски 75′, Мазари 90’+4
Тетово: ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС 6-1
Красниќи 18′ 69′, Цаке 55′, Трако 65′(аг), Рамадани 85′, Аганспахиќ 87′ – Ефтимов 35′
Струга: СТРУГА ТЛ – БРЕГАЛНИЦА 2-2
Шабани 42′, Ибраими 86′(п) – Стојчевски 67′, Селмани 72′
ВЧЕРА
Турново: АП БРЕРА – ВОСКА СПОРТ 1-0
Ѓорѓиевски 90’+2
Скопје: ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 3-1
Дуду 4′, Трапановски 53′, Илиевски 85′ – Илиевски 61′
Гостивар: ГОСТИВАР – ТИКВЕШ 2-1
Алпер Потук 5′, Кехинде 77′ – Вареловски 69′

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...