Струга ТЛ со гол од сомнителен пенал во 99. минута ја победи Воска за преземање на лидерското место (ВИДЕО)

Струга ТЛ е нов лидер во македонскиот шампионат со еден бод предност во однос на второпласираниот Шкупи, откако во заостанатиот натпревар од 15. коло триумфираше против Воска Спорт со гол од пенал дури во 99. минута од натпреварот.

Во главно израмнет меч стружани до победата дојдоа со погодокот од пенал на Згуро во 99. минута.

Претходно, беше досуден сомнителен пенал за домашните во ситуација во која се чини претходно имаше и прекршок за Воска спорт. Но, главниот судија се одлучи да покаже на белата точка, и покрај протестите на гостите, по што Згуро погоди за конечен триумф од 1-0.


Се вчитува...