Фудбалерите на двократниот шампион на Македонија, Струга ТЛ славеше со 3-0 против дебитантот во елитата, Шкендија Арачиново во натпревар од 1. коло од новата сезона во ПМФЛ.
Домаќините поведоа со 1-0 со голот на Марјан Радески во 23. минута за водство од 1-0 на Струга ТЛ. До крајот на првиот дел беше и 2-0 со погодокот на Агамах во 44. минута. Во вториот дел конечните 3-0 беа дело на Буњамин Шабани во 52. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
