Убедлив триумф на Струга ТЛ во дуелот со Башкими од 6-0 во 15. коло од Првата лига, и ја продолжи трката за првото место на табелата со Вардар пред последното коло од есенскиот дел. Со тоа продолжува лошата серија на кумановскиот тим, каде очигледно нешто се случува, затоа што ова е за нив уште еден убедлив пораз после оние 3-0 со Тиквеш.
Струга ТЛ поведе со голот на 24. минута преку Шабани, откако доби одлична топка од Радески. Малески зголеми на 2-0 откако доби топка од левата страна од Фал. Пред крајот на полувремето Јевтоски зголеми на 3-0 со прекрасен гол од 16-17 метри со волеј по изведен корнер.
Домашниот тим во вториот дел продолжи онаму каде што застана во првиот дел. Хамертиза Хамза со прекрасен гол од слободен удар зголеми на 4-0 на стартот од второто полувреме. Малески во 61. минута со прецизен удар донесе 5-0, додека Арби Воша во финишот постигна шест голови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

