Струга ТЛ убедливо против Дрита Боговиње

Фудбалерите на Струга Трим Лум забележаа нова победа во подготвителниот период славејќи против Дрита од Боговиње со 3-0 на пријателскиот натпревар одигран во Охрид.

Стружани до победата дојдоа во второто полувреме со погодоците на Флорент Османи, Алтон Лога и Нијаз Лена.

Следни противници на Струга ТЛ на тест дуелите до почетокот на пролетниот дел од шампионатот треба да бидат Тетекс, Велазерими и Гостивар.

Се вчитува...