Струга Трим Лум со гол во последните моменти до реми на гостувањето кај Лиепаја (ВИДЕО)

Струга Трим и Лум одигра 1-1 на госутвањето кај летонска Лиепаја во првиот натпревар од двомечот во првото коло од новоформираната Конференциска лига на УЕФА.

Домаќините дојдоа до водство со голот на Додо во 31. минута, водство кое успеаја да го задржат се до самиот финиш на мечот. Добрата игра во второто полувреме избраниците на Срѓан Захариевски успеаја да ја материјализираат во 93. минута кога Бесир Исени ги постави конечните 1-1.


Реванш натпреварот ќе се игра за седум дена во Скопје.

 

Се вчитува...