Струга Трим Лум чекори кон Првата лига

Лидерот на табелата во Втората лига Запад, тимот на Струга Трим Лум, оствари минимален триумф над Тетекс (1-0) и направи уште еден голем чекор напред кон пласман во елитата. Стружани денеска славеа со голот на Фламур Таири постигнат во 65.минута од мечот.

Само четири минути подоцна Тетекс остана и со играч помалку поради исклучувањето на Валон Зеќири, па гостите не можеа да возвратат и да стигнат барем до реми. Тетекс грчевито ќе се бори за опстанок во второлигашкото друштво, со оглед дека со 23 бода се наоѓа на осмата позиција на табелата.

Се вчитува...