Струга Трим Лум со првото засилување: Османи го освежува нападот

Најсериозниот кандидат од Втората лига – Запад за влез во прволигашкото друштво, екипата на Струга Трим Лум го промовираше и првото засилување за пролетниот дел од сезоната.

Стружани се одлучија да го освежат нападот на тимот со ангажман на 30-годишниот офанзивец од Гостивар, Флорент Османи.

Османи е поранеше фудбалер на Шкупи, Скопје, Влазрими и косовска Лирија, а последнава година настапуваше во редовите на Гостивар.

Се вчитува...