Струмица го реши Вардар за двојна одбојкарска круна

Струмица е доминантна сила на одбојкарската сцена откако оваа екипа денеска ја освои и шампионската титула, осигурувајќи двојна круна по претходно освоениот трофеј во Купот на Македонија.

Финалната серија со Вардар донесе многу возбудувања, „црвено-црните“ дури и први поведоа со триумф среде Струмица, но струмичани се консолидираа, нанижаа три победи во низа и славеа со конечни 3-1. Денешниот последен натпревар се играше во Скопје, а по голема битка триумфираше Струмица со 2-3, за печат на шампионскиот трофеј.

Се вчитува...