Струмица ја заврши дебитантската сезона во прволигашката кошарка со победа откако славеше во 6. коло од плејаутот на домашен терен против Куманово со 124-108. Овој натпревар требаше да биде одигран вчера, но истиот беше одложен поради сообраќајна несреќа на кумановци која за среќа заврши без поведи.
Во натпреварот без никаков резултатски императив во главно се играше „run and gun“ кошарка во која подобро се снајдоа домашните кошаркари кои го полнеа рекетот на противникот во транзиција. За лесниот триумф пресуди искуство со оглед на тоа што Куманово на овој натпревар настапи со комплетно младински тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА