Струмица повторно живее за дерби: Ќе постигне ли Беласица конечно барем гол против „пандевци“?

Уште едно струмичко прволигашко дерби. Дуелот меѓу Беласица и Академија Пандев денеска од 14 часот на „Младост“ треба да го одбележи 20. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Градската дерби пресметка како никогаш досега привлекува внимание во домашната фудбалска јавност. Академија Пандев е тимот кој апсолутно доминираше низ претходните пресметки, па Беласица сега посакува реванш за двата претходни порази од 0-3 и 0-2.

„Се подготвуваме максимално, а за нас секој меч до крајот ќе биде како финале. Верувам дека гледачите ќе имаат можност да проследат одличен натпревар, а поблиску до победата ќе биде екипата што ќе направи помалку грешки. Бодовите за нас се од исклучително значење и се надевам дека ќе ги освоиме“ – вели тренерот на Беласица, Раде Цицмиловиќ.

Но, сосема е јасно дека „пандевци“ ја носат фаворитската улога. Минаа одлични подготовки а и во првото пролетно коло со убедливата победа од 3-0 против Македонија ЃП покажаа дека се цврсто решени за обезбедување европски излез оваа сезона.

ПМФЛ – 20. КОЛО (денеска, 14 ч.)

Струмица: БЕЛАСИЦА – АК. ПАНДЕВ

Тетово: РЕНОВА – ВАРДАР

Скопје: РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА

Скопје: ШКУПИ – ПОБЕДА

Се вчитува...