Струмица се засилува – Крстајиќ, најзвучно име од новите кошаркари

Струмица се активираше на дваесетина дена до стартот на новиот кошаркарски шампионат, потпишувајќи договори со пет засилувања.

Најзвучно име е Стефан Крстајиќ, српскиот бек кој имаше нецели две одлични сезони во дресот на Академија ФМП, каде беше прв стрелец на тимот од Кисела Вода. Последните месеци од ланската сезона ги мина во Пелистер каде не се снајде најдобро, но нема сомнеж дека српскиот бек ќе биде прв поентер на струмичани во новиот шампионат.

Второ странско засилување е турскиот интернационалец Ефе Бешок, 25-годишен кошаркар висок 209 сантиметри. Тој пристигнува од Струмица од редовите на турскиот второлигаш Акхисар, каде имаше просек од 4,5 поени и 3,9 скокови по натпревар.

Нов член на Струмица е и Андреј Атанасов, кој пристигнува од КК Ангели, потоа Иван Волкановски, како и Ранко Мамузиќ.

Се вчитува...