Струмица со супер-пресврт го возврати брејкот во одбојкарското финале

Одбојкарите на Струмица му возвратија на Вардар со гостинска победа (2-3 во сетови) и израмнија на 1-1 во финалната серија која се игра до три победи. Во драматичен натпревар во салата „Градски парк“ во Скопје, Струмица направи супер-пресврт и од негатива од два сета успеа да стигне до триумф од 3-2 во сетови.

Првите два сета ги добија „црвено-црните“, тесно, но заслужено, и тоа со идентичен ефект, 25-23. Но, Струмица не се предаде. Го освои третиот сет со 20-25, потоа и четвртиот со 19-25, и мечот влезе во комплетно неизвесен финиш. Тогаш моментумот веќе беше на страната на струмичани, па и петтиот сет го добија лесно и убедливо со 7-15.

Следниот меч од финалната серија ќе се одигра в недела во Струмица.

Се вчитува...