Струшкиот турнир ќе добие нов шампион: Целје славеше во клучниот меч против Вардар, Е. Пелистер е на победа до финале

Вардар го претрпе првиот пораз на јубилејното 50. издание на Струшкиот турнир откако не успеа да слави против Целје. Словенечкиот состав одигра одлично второ полувреме во кое ги надмина проблемите од првиот дел (17-17) и успеа да најде решение за одбраната на вардарци, а одигра и одлично во дефанзивата за победа од 36-28.

Со неа Целје се пласираше во финалето од турнирот кој ќе добие нов шампион, а македонскиот состав ќе се бори за третото место.


Блиску до првото место и пласман во финалето се ракометарите на Еурофарм Пелистер кои ја добија драмата против Татран Прешов со 25-24. Отварањето на мечот не беше во полза на битолчани, но откако успеаја да ги консолидираат редовите, успеаја и да ја превземат контролата на мечот, а херојот беше голманот Марко Кизиќ кој на 30 секунди пред крајот со одбрана спречи изедначување. Пелистер одигра искусно и не погреши на спротивната страна.

Во последното коло Еурофарм Пелистер во дуелот со АЕК Атина ќе се бори за потврда на првото место во групата.


На отварањето на третиот ден од турнирот домаќинот Струга беше поразен од грчкиот вицепрвак АЕК Атина со 15-30. Составот од главниот град на нашиот јужен сосед победата ја најави уште на отварањето на натпреварот кога стигна до убедлива предност и истата ја задржа до крајот на полувремето (5-15) по што рутински го одигра вториот дел.

Со оваа победа АЕК Атина се вклучи во борбата за висок пласман и против видешампионот на Македонија, Еурофарм Пелистер ќе се бори за место во финалето на турнирот. Стружани пак во обид да стигнат до првата победа силите ќе си ги одмерат со Татран Прешов.

Се вчитува...