Стружани имаа сила само за едно полувреме против Е. Пелистер

Ракометарите на македонскиот шампион Е. Пелистер стигнаа до нова победа во домашниот шампионат откако вечерва на домашен терен славеа над Струга со убедливи 45-24 во премиерниот меч од 4. коло од Суперлигата.

Младите стружани имаа сила само за едно полувреме против големиот фаворит. Тие дадоа голем отпор во првите 30 минути по кои имаа негатива од само четири голови 20-16.

Сепак, разликата во квалитет дојде до израз во вториот дел каде домаќините со фуриозна игра на крајот стигнаа до убедлив триумф од 45-24. Петар Атанасијевиќ и Хакбарт со по осум гола беа најефикасни кај победникот, додека кај поразените Наум Костов постигна седум гола.

Се вчитува...