Стружани од денеска во Банско: Договорени три тест дуели

Фудбалерите на Струга Трим Лум од денеска се во Банско, Бугарија, каде ќе биде реализирана втората фаза од подготовките за дебитантската сезона на стружани во Првата македонска фудбалска лига.

За време на подготовките кои ќе траат до 27. јули е планирано одигрување и три пријателски натпревари.

Најпрво составот на Јетон Беќири ќе тестира со романска Дунареа на 19. јули, потоа е дуелот со Алтин Ашир од Туркменистан на 23. јули и последната средба е на 26. јули против Дрита од Косово.

Се вчитува...