Стружани три меча не знаат за победа, Ренова против Пелистер за продолжување на „лидерската трка“

Струга ТЛ против Борец денеска во 10. коло од Првата македонска фудбалска лига со шанса за прекин на серијата од три едноподруго натпревар без победа во шампионатот.

Шансата на стружани е Борец, тим кој, како што велат, го респектираат но соодветен да се дојде до трите бода.

„По три натпревари без победа, мислам дека натпреварот против Борец е добра можност да се стави крај на оваа негативна серија. Сите се подготвивме максимално за овој натпревар и веруваме дека со победа ќе направиме пресврт да продолжиме со позитивни резултати. Токму ова не мотивира да им подариме на нашите навивачи победа, да покажеме дека кризата помина и дека Струга ТЛ повторно оваа година ќе се бори до крај за место во европските натпреварувања“ – вели Бунјамин Шабани.

А, излез на европската сцена оваа сезона ќе бара и Ренова која има одлични резултати на почетокот од првенството.

„Гипсарите“ денеска против Пелистер во Тетово во желба за трите бода со кои ќе ја продолжат битката за лидерската позиција на табелата со екипата на Шкупи.

ПМФЛ – 10. КОЛО (денеска, 14 ч.)

Струга: СТРУГА ТЛ – БОРЕЦ

Струмица: АК. ПАНДЕВ – ШКЕНДИЈА

Штип: БРЕГАЛНИЦА – МАКЕДОНИЈА ЃП

Тетово: РЕНОВА – ПЕЛИСТЕР

Кавадарци: ТИКВЕШ – ШКУПИ

ВЧЕРА: РАБОТНИЧКИ – СКОПЈЕ 0-1

Се вчитува...