Сцени во Белград кои оставаат без здив: Повторно срушен апсолутниот рекорд на Евролигата (ВИДЕО)

Партизан славеше во „Штарк арена“ во Белград против Реал Мадрид со 104-90 со што веќе осигура пласман во плејофот од Евролигата. Но, повторно сцените од трибините во Белград го оставија спортскиот свет во неверување.

Кошаркарска Европа повторно зборува за преполната „Штарк арена“ и новиот срушен рекорд за посета на еден меч во Евролигата во историјата. Овој пат, синоќешниот натпревар во Белград го следеа 20.068 навивачи и тоа е апсолутен рекорд на Евролигата. Претходниот исто така беше на Партизан пред само три дена кога мечот со Барселона го следеа 20.041 навивач.

Фановите на Партизан дефинитивно ги поместуваат сите граници кога е кошарката во прашање. Со феноменална атмосфера го водат тимот кон најдобрите на европскиот континент.

Се вчитува...