Студија утврди кои спортови носат најголем ризик за зараза од Covid-19

Во време во кое спортот во светот е суспендиран поради пандемијата од коронавирусот, италијанското Министерство за спорт и Олимпискиот комитет на оваа земја направија студија за тоа во кои спортови постои најголем ризик за зараза од Covid-19.

Студијата која треба да им помогне на сите земји опфаќа 387 различни спортски дисциплини, кои се поделени во ранг од 0 до 4. Со нула се означени тие со најмал ризик, додека со четири тие со најголем.

Најмалку ризични спортови, т.е. спортови во кои нема никакви шанси да се пренесе вирусот се тенисот, едрење, пливање на отворени води и голф. Фудбалот како најпопуларен спорт е со ранг три, додека најголема шанса за пренесување на вирусот (ранг 4) имаат кошарката, одбојката и ракометот. Меѓу најкритичните спортови се и сите боречки.

За екипните спортови исто таак се препорачува да има тестирање на секои 48 часа, секој на клупата за резервни да носи маска и нормално сите реквизити да бидат дезинфицирани.

Се вчитува...