Суарез е херојот на Диего Симеоне, Атлетико со тешки маки го скрши отпорот на Хетафе

Атлетико Мадрид многу потешко од очекувањата стигна до три бода на гостувањето против Хетафе, ривал од кого „јорганџиите“ по цели десет години примија гол.

Митровиќ биеше прецизно по лошата интервенција на Јан Облак, по што Хетафе ја чуваше предноста се до десетина минути до крајот. Како пресуден се покажа црвениот картон што го заработи Алења, по што гостите предводени од Луис Суарез направија целосен пресврт.

Мора да се истакне и дека Симеоне ги погоди измените, бидејќи токму нововлезените Хермосо и Врсаљко од бековските позиции му асистираа на Суарез при головите за овој голем пресврт и триумф на Атлетико.

Се вчитува...