Суарез го одведе Уругвај во осминафиналето на СП

Фудбалската репрезентација на Уругвај се пласира во осминафиналето на Светското првенство во Русија откако ја совлада селекцијата на Саудиска Арабија со 1-0. Во својот стоти натпревар за националниот тим, Луис Суарез го постигна 52.гол и го одлучи овој натпревар.

По корнерот од левата страна, во 23.минута, тој најдобро се снајде во шеснаесетникот и ја затресе противничката мрежа. Фудбалерите на Саудиска Арабија немаа сили да одговорат и се враќаат дома по првиот сегмент од Мундијалот.

 

Се вчитува...