Суарез му се јавил на Кијелини за да дојде во Јувентус….Дали е заборавено „гризнувањето“ од пред шест години?

Уругвајскиот интернационалец Луис Суарез ја напушта Барселона, а лесно може да се случи да го засили италијанскиот првак Јувентус. Би дошол без отштета, како слободен агент, а такви шанси „старата дама“ ретко пропушта. Но, треба да се реши еден проблем „гризнувањето на Кијелини“.

 

Пред шест години, на натпревар меѓу селекциите на Уругвај и на Италија на СП, Суарез во дуел го гризна Кијелини за рамото. Се изроди од тоа голем скандал, иако подоцна сепак страстите се смирија.

Но, Луис Суарез деновиве имал телефонски разговор со Кијелини. Сакал да биде сигурен дека дефанзивецот на Јувентус и дефинитивно му го простил испадот што се случи пред шест години. Добил пријателска порака од Италијанецот и сега го очекува раскинот на договорот со Барселона пред и официјално да се пресели во Торино.

Се вчитува...