Суарез против навивачите на ПСЖ: Луѓето во фудбалот секогаш кратко паметат

Луис Суарез јавно застана во поддршка на поранешните соиграчи од Барселона, Лео Меси и Нејмар, кои беа исвиркувани од сопствените навивачи на денешниот дуел меѓу ПСЖ и Бордо.

„Светците“ се свртеа против најголемите странски „ѕвезди“ по елиминацијата од Реал Мадрид од Лигата на Шампионите, а Суарез само неколку часа по дуелот на „Паркот на принцовите“ се јави со порака за поддршка за Меси и за Нејмар.

„Како и секогаш, луѓето во фудбалот секогаш кратко паметат. Секогаш сум крај вас, многу ве сакам“, напиша Суарез на својот профил на инстаграм, крај заедничката фотографија со поранешните соиграчи.

Се вчитува...