Суарез: Слободно „плукајте“ по мене, тоа само ме прави посилен

Луис Суарез беше херојот на Атлетико Мадрид на денешното гостување против Хетафе, на кое Уругваецот со два ола во завршните десетина минути донесе целосен пресврт и три бода за актуелниот првак на Шпанија.

Искусниот голгетер во изминатиот период беше критикуван поради слаби игри на стартот од сезоната, но со денешното издание јасно стави до знаење дека повторно е во топ-форма.

„Мора да се научите да се носите со критиките, јас тоа многу добро го знам и го имам усовршено. Ако сакате да бидете дел од елитата, не смеете да дозволите она што ќе го прочитате да влијае негативно врз вашата игра. Слободно плукајте по мене, тоа само ме прави посилен, како што можеше да се види од денешниот меч“, порача Луис Суарез.

Се вчитува...