Суботиќ: Никој не не праша дали ние сакаме да продолжиме

Дефанзивецот на Унион Берлин, Невен Суботиќ не се согласува со одлуката Бундеслигата да продолжи следниот викенд. Владата на Германија донесе одлука Бундеслигата да се врати на 16. мај, а искусниот Србин смета дека многу фудбалери немале право да дадат свој став околу целата ситуација.

„Колку што знам фудбалерите немаа никакво влијание на одлуката. Тие само добија информација дека се е одлучено. Во Италија и Англија асоцијацијата на фудбалери има голем авторитет, тоа во Германија не е случај“, изјави Суботиќ. 

Унион Берлин на 17. мај го пречекува актуелниот шампион Баерн Минхен.

Се вчитува...