Судбина: Борусија Д. на денешен ден го избрка тренерот кој вечерва им го „отвори“ патот до титула

На денешен ден минатата година, Борусија Дортмунд објави дека се разделува со тренерот Марко Розе. Откако не успеа да ја освои титулата лани, Розе доби отказ од таборот на „милионерите“ и притоа лут си замина од „жолто-црните“.

Тој беше без работа неколку месеци, се додека не доби работа во Лајпциг. Интересен е фактот што на своето деби на клупата на новиот тим, го совлада тимот на Борусија Дортмунд.

Сега да биде судбината уште поинтересна, е тоа што на истиот ден една година подоцна со Лајпциг го совлада Баерн Минхен, и така му донесе шанса на тимот на Дортмунд да дојде до титулата.

Сега се е во рацете на Борусија Дортмунд кој доколку ги добие двата последни натпревари со Аугзбург во гости, и со Мајнц дома, ќе биде крунисан за првак после 11 години доминација на Баерн Минхен.

Се вчитува...