Судбината на НБА ќе биде позната за две до четири седмици

Сопствениците на НБА тимовите одржаа состанок со комесарот на лигата Адам Силвер по повод враќање на  терените по пандемијата од коронавирусот. Општ заклучок е дека сите се едногласни сезоната да продолжи и да успее да заврши актуелниот шампионат.

На состанокот сите со согласиле дека еден позитивен тест нема да е проблем за повторен прекин, но доколку се случи повеќе кошаркари да се заразат тоа сигурно ќе значи крај на сезоната.

Адам Сивлер вели дека во следните две до четири недели ќе се знае сигурно судбината на годинашната сезона во НБА.

 

Се вчитува...