СУДБИНАТА ВО НАШИ РАЦЕ: Македонија ќе игра против Исланд за бараж за СП 2022!

Македонската фудбалска репрезентација ќе ја има судбината во свои раце за место во баражот за пласман на СП 2022 во последното коло од квалификациите на мечот против Исланд во недела во Скопје, откако Романија киксираше вечерва во Букурешт против Исланѓаните ремизирајќи без голови. Па, Македонија сега со бод предност во однос на Романците, како второпласирана на табелата ќе го очекува последното квалификациско коло.

Романија одигра натпревар без сериозна надмоќ против Исланд, пропуштајќи неколку можности за погодок во второто полувреме. Сепак, Исланѓаните успеаја да се одбраната, па Македонија сега е во предност пред Романците пред последното коло од квалификациите.

Во последниот натпревар од 9. коло во нашата квалификациска група Германија убедливо славеше против Лихтенштајн со 8-0.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 2022 – ГРУПА Ј (9. коло)

Ерменија – МАКЕДОНИЈА 0-5

Германија – Лихтенштајн 8-0

Романија – Исланд 0-0

Се вчитува...