Судиите ќе ги објаснуваат одлуките на ВАР системот

На престојното клупско светско првенство во Мароко, судиите на публиката ќе ги објаснуваат причоните за донесената одлука до која дошле со помош на ВАР системот.

Една од големите фрустрации околу ВАР, особено меѓу навивачите, беше недостатокот на комуникација околу одлуката, односно не беше објаснето зошто некој гол е поништен или признат.

Затоа агенцијата за промена на фудбалските правила, на денешниот состанок одобрил пробен систен во текот на кој арбитрите јавно на навивачите ќе им објаснуваат за донесени одлуки.

Извршниот директор на ФА на Англија, Марк Булингем појасни дека комуникацијата меѓу судиите на теренот и на оние во ВАР собата ќе останат тајна, но одлуката ќе биде пренесена на публиката во текот на натпреварите.

Ако пробниот период биде успешен, тогаш истото може да се прифати и на другите натпревари на ФИФА.

Се вчитува...