Судиите останаа слепи – Ливерпул прими гол од корнер (видео)

Во таборот на Ливерпул имаат причина да бидат бесни, неполни 24 часа откако сомнително беше признаен поништениот погодок на Стерлинг за водство 1-0 на Сити против Ватфорд, денеска „црвените“ примија крајно контроверзен гол на самиот почеток од дуелот со Барнли.

Гостите изведоа корнер што Вествуд директно од аголот го смести во мрежата на Алисон Бекер, но судиите направија огромен превид не забележувајќи дека домашниот голман се наоѓа во „сендвич“ од двајца фудбалери на Барнли, од кои Тарковски од зад грб имаше очигледен контакт со бразилскиот голман.

Се вчитува...