Судија исклучи па сочно пцуеше фудбалер на Партизан: „Да те е**м во…“ (ВИДЕО)

Судијата на натпреварот Радник – Партизан, Срѓан Јовановиќ, демонстрираше далеку од професионално однесување откако го исклучи Милан Вукотиќ, фудбалерот на Партизан во мечот кој заврши 4-4.

Во 34. минута, при резултат 1-1, Вукотиќ му рече на Јовановиќ дека бил повлечен на средината од теренот и дека требало да го санкционира играчот на Радник. Малкумина помислија дека таква банална ситуација ќе доведе до жестока расправија меѓу судијата и фудбалерот и на крајот до исклучување на младиот Вукотиќ.

Фудбалерот на Партизан не го контролираше јазикот и „жешката глава“ дури ни откако беше јавно опоменат. Тој продолжи да се расправа со Јовановиќ, не ги бираше зборовите и заслужено заработи уште еден картон. Беше во неверица.

Но, на крајот, Јовановиќ се впушти во нешто што е скандалозно. Освен што му го покажа патот до соблекувалната, тој го „почасти“ и со пцовки.

„ Да те е**м во устата малечка“ – јасно можеше да се прочита од усните на Јовановиќ на тв снимките.

Се вчитува...