Судија во Италија призна непостоечки гол па за малку не доби ќотек (ВИДЕО)

Бизарна ситуација ни доаѓа од петтата италијанска фудбалска лига каде мечот помеѓу Нокатаро и Кастелан заврши со победа од 0-1 на гостите без постигнат гол. Имено, во 18. минута Сабатели промаши сто отстотен зицер во кој топката наместо да заврши во голот заврши во надворешниот столб, но судијата одлучи дека напаѓачот ја затресеол мрежата.

Сабатели во очај остана да лежи на тревата, но судијата призна гол што наиде на жестока реакција на домашните фудбалери. Истите едвај ги спречија да не го „наградат“ судјата со тупаници, но тој сепак не ја промени својата одлука. Со оглед на тоа што тоа беше единствениот гол на мечот домашниот тим испрати жалба до фудбалската федерација за преигрување на средбата.

Се вчитува...