Германскиот аматерски фудбалски судија Паскал Кајзер кој предизвика внимание на јавноста кога на натпреварот помеѓу Келн и Волфсбург во Бундеслигата пред 50 илјади фанови го запроси својот дечко повторно е физички нападнат.
Тоа е втор инцидент со кој се соочува за само седум денови и засега деталите остануваат непознати.
Како потсетување, тој беше мета на три личности и пред една седмица кога додека пуштел цигара во својот дом бил нападнат, поради, како што вели самиот јавното декларирање на љубов кон својот партрнер Мориц.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

