Судијата не виде очигледен фаул, Меси не простува – 2-1 за Барса

Барселона и со фудбалер помалку успеа да поведе со 2-1 на вечното дерби со Реал Мадрид, но каталонците имаа и огромна судиска помош откако главниот арбитар не санкционираше очигледен прекршок во акцијата што на крајот Лионел Меси ја круниса со прекрасен погодок.

Суарез тргна во дуел со Варан и стигна до топката, но дури откако прв го шутна по ногата противничкиот дефанзивец. Судијата остана слеп на овој очигледен фаул, акцијата продолжи, а Меси уште еднаш покажа зошто е најдобар стрелец сезонава во Примера, со прекрасен удар од петнаесетина метри матирајќи го Кејлор Навас.

Се вчитува...