Судир на „џиновите“ – Штербик или Гонзало, прашање е сега

ЕКИПА во Келн,

Стеван Цаневски, Игор Паневски

Дека „голманите се пола тим во ракометот“ сме слушнале многу пати, а и самиот Чави Пасквал во најавата за овој меч истакна дека токму чуварите на мрежата се оние кои ги искачуваат своите тимови на врвот на овие фајналфор турнири. Ова става дополнителен акцент на денешната пресметка меѓу двајцата врвни голмани, Арпад Штербик од едната и Гонзало Перез де Варгас на другата страна, двајцата колеги од шпанската репрезентација кои сега ќе бидат на спротивните страни.

Секој голман има свој стил, јас и Гонзало сме различни. Тоа е нормално, јас имам 120 килограми и не можам да скокам како Гонзало, кој е многу брз. Тој е меѓу најдобрите голмани во ЛШ, имаше извонредна сезона и токму Гонзало е најзаслужниот што играта на Барса функционира беспрекорно и што оваа екипа се најде на фајналфор турнирот“ – истакна Штербик во пресрет на денешното полуфинале.

Голманот на Барселона останува скромен во изјавите, во обид да го намали и притисокот врз себе пред овој фајналфор турнир.

„Претходната соработка со Шариќ ми помогна да созреам како голман. Сега имам многу поголема самодоверба, тоа е очигледно и од моите настапи. Сепак, не гледам на тоа како на нешто особено, едноставно си ја вршам својата работа и се надевам дека ќе го сторам тоа и во следните два дена“ – истакнува Перез де Варгас.

Младоста на Гонзало или искуството на Штербик, што ќе биде пресудно во денешното полуфинале во кое двајцата голмани ќе сторат се за да им помогнат на своите тимови да забележат победа.

Се вчитува...