Судиска анализа: Судиите без грешки изминатиот викенд

Судиска анализа за 32 коло од ПРВА МФЛ за сезона 22/23

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 32 коло на ПРВА МФЛ, и ги донесе следните заклучоци:

На натпреварот  ФК Силекс-ФК Работнички одигран на 10.05.2023 година, анализирани се ситуациите од 18 и 75 минута.

Главен судија: Стојанче Стојанов. Помошни судии:Петар Новачев и Ристе Ѓорѓиев.

18 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Гол регуларен-нема прекршок)

Играч од екипата на домаќините упати удар кон голот на гостите, играч од одбраната на гостите кратко ја одби топката во својот шеснаесетник и сакајки да ја загради топката за голманот да ја фати, во тој момент играч од нападот на домаќините направи минимален контакт од позади грб над играчот од одбраната на домаќините кој потоа неспретно ја удри топката и си постигна авто-гол.

Исправна  одлука  на главниот судија, голот е регуларен , бидејки контактот што го направи играчот од екипата на домаќините над играчот на гостите беше минимален и недоволен за да се досуди слободен удар.

75 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Досуден слободен удар)

Играч на екипата на гостите беше во посед на топка во шеснаесетникот на домаќините, топката му ја изблокира играч на домаќините и се одби на линијата од шеснаесетникот, истиот играч од домаќините ја удри топката и потоа со коленото направи прекршок над играчот на гостите (50см) надвор од шеснаесетникот.

Исправна одлука на главниот судија, досуден слободен удар за екипата на гостите, прекршокот беше направен надвор од шеснаесетникот на домаќините.

На натпреварот  ФК Шкендија-ФК Струга одигран на 10.05.2023 година, анализирани се ситуациите од 50 и 69 минута.

Главен судија: Александар Грујоски. Помошни судии:Даниел Василевски и Бранко Путилин.

50 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (недосуден пенал)

Играч од екипата на гостите беше во посед на топката странично во шеснаесетникот на домаќините, пред него на едно метро растојание (кратка дистанца) имаше противнички играч и во моментот кога играчот на гостите сакаше да го помине противничкиот играч префрлувајки ја топката таа го удри во рака која беше во нормална положба и природно движење.

Добра одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејки во моментот кога топката удри во раката на домашниот играч таа му беше во нормална положба за тоа движење на играчот и растојанието помеѓу играчите беше многу кратко.

69 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Доделен втор жолт-ЦРВЕН картон)

Играч од екипата на гостите беше во посед на топката на средина на теренот, над него од позади грб со недозволен лизгачки старт на ногата прекршок направи играч од екипата на домаќините.

Добра одлука на главниот судија, досуден слободен удар за екипата на гостите и доделен жолт картон за играчот од екипата на домаќините поради недозволен старт (од позади грб) на ногата на противникот, бидејки тоа беше втор жолт картон за играчот, автоматски му беше доделен ЦРВЕН картон.

На останатите натпревари од ПРВА МФЛ , немаше спорни ситуации за судиска анализа.

Судиска анализа за 29 коло од ВТОРА МФЛ за сезона 22/23

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 29 коло на ВТОРА МФЛ, и ги донесе следните заклучоци:

На натпреварот ФК Вардар – ФК Пелистер одигран на 09.05.2023 година, анализирана е ситуацијата од 51 минута.

Главен судија: Игор Иванов. Помошни судии: Роберт Црвенов и Андреј Ќамилов.

51 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Досуден пенал)

Играч на гостите беше во посед на топката  и помеѓу двајца противнички играчи,централно во шеснаесетникот на домаќините и близу просторот од 5,5 метри, пред да упати удар кон голот на домаќините на недозволен начин беше повлечен за рака (рамо) со интензитет од играч на екипата на домаќините.

Исправна одлука на главниот судија, досуден пенал за екипата на гостите и доделен жолт картон на играчот на домаќините поради недозволен старт (влечење) на противник.

На натпреварот ФК Беса – ФК Караорман одигран на 09.05.2023 година, анализирана е ситуацијата од 60 минута.

Главен судија: Јордан Јовановски. Помошни судии: Иван Танев и Кирил Манчев.

60 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Досуден пенал)

Играч од екипата на домаЌините беше во посед на топката странично во шеснаесетникот на гостите, во тој момент играч од екипата на гостите стартуваше непрописно со лизгачки старт и со интензитет правејки очигледен прекршок на ногата на противникот.

Исправна одлука на главниот судија, досуден пенал за екипата на домаќините поради недозволен лизгачки старт на ногата на противникот.

На натпреварот Фк.Слога Виница – Фк.Охрид одигран на 09.05.2023 година, анализирани се ситуациите од 16 и 28 минута.

Главен судија: Кирил Смоквоски. Помошни судии: Иле Мишески и Кирил Манчев.

16 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (Досуден гол)

Играч од екипата на домаќините во шеснаесетникот на гостите упати удар кон празниот гол на гостите и во моментот кога топката со целиот свој обем ја помина гол линијата (по земја) играч од екипата на гостите ја изби топката во поле.

Исправна одлука на првиот помошен судија што го призна голот за екипата на домаќините, бидејки топката со целиот свој обем ја помина гол линијата (по земја).

28 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Доделен втор жолт-ЦРВЕН картон)

Играч од екипата на домаќините додаде топка до свој соиграч, соиграчот се наведна со телото за да ја удри топката со глава и во тој момент од позади грб играч на гостите невнимателно и на недозволен начин стартуваше удирајки ја топката со нога и потоа го закачи играчот на гостите во главата (без голем интензитет).

Исправна одлука на главниот судија, досуден слободен удар за домаќините и доделен жолт картон за играчот на гостите поради недозволен и невнимателен старт (избиена топка и потоа контакт со нога во глава на противник) бидејки тоа беше втор жолт картон за играчот, автоматски му беше доделен ЦРВЕН картон.

На останатите натпревари од ВТОРА МФЛ , немаше спорни ситуации за судиска анализа.

Се вчитува...