Судиска Арабија ќе ги казни фудбалерите за срамот од Русија

Репрезентацијата на Саудиска Арабија на отвoрањето на Мундијалот пред целата светска јавност беше декласирана од Русија со 0-5. Тоа нема да помине без казни, најавуваат од Фудбалската федерација на Саудиска Арабија.

„Длабоко сме разочарани. Чувствуваме незадоволство бидејќи резултатот не е вистинскиот одраз на нашата подготвеност. Одредени играчи ќе добијат казни за овој настап. Казнети ќе бидат голманот Абдулах Ал Мајоф, одбранбениот играч Омар Хавсави и напаѓачот Мохамед Ал-Сахлави“ – порача претседателот на Фудбалската федерација на Саудиска Арабија, Абдел Езат.

Сличен неуспех, репрезентацијата на С.Арабија проживеа и на СП во Јапонија и во Ј. Кореја во 2002 година против Германија (0-8), сега веќе се поставува прашањето што ќе биде во следните дуели кога Саудијците играат со Уругвај (20 јуни) и со Египет (25 јуни).

Саудиска Арабија прв пат се пласира на СП во 1994 година. Тогаш репрезентативците за пласманот на СП во САД, беа херојски славени во својата земја и богато наградени со парични премии и скапи автомобили. Но, сега работите се менуваат, со поразите стигнуваат и казните.

Се вчитува...