Судиска комисија: Два спорни моменти и две исправни одлуки на дербито Вардар – Силекс (ВИДЕО)

Судиската комисија при ФФМ, веднаш по завршувањето на натпреварот од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига меѓу екипите на Вардар и Силекс, ги анализираше двете спорни ситуации.

По преглед на видео снимката од 85. минута, утврдено е дека главниот судија правилно покажал црвен картон за гостинскиот голман поради влечење и држење на противнички играч надвор од шеснаесетникот, при што голот е празен (небранет).

Одлуката е исправна согласно правилата на игра.

При вториот спорен момент, по интервенција на судиите од ВАР собата, главниот судија е повикан на официјален преглед на ситуацијата од судиското надополнување во второто полувреме.

По преглед на снимката, утврдено е дека имаше игра со рака на дефанзивецот на гостинската екипа во сопствениот шеснаесетник. Донесената одлука за казнен удар (пенал) е исправна.

Судиската комисија ја потврдува исправноста на двете клучни одлуки на натпреварот.

„ВАР системот повторно се потврди како клучна поддршка за судиите во носењето точни и правични одлуки во најважните моменти од натпреварите“ – порачуваат од Судиската комисија.

Се вчитува...