Судиска помош за Сити: Свирна предвреме, ВАР не смее да реагира (Видео)

Манчестер Сити доби огромна судиска помош во самиот финиш од полувремето против Борусија Дортмунд, откако главниот арбитар оцени дека имало прекршок на Белингам врз голманот Едерсон, кој претходно компликуваше и немаше целосна контрола над топката.

Белингам прв стигна до неа, Едерсон го удри, а потоа изглуми дека тој бил фаулиран, а судијата најголемата грешка ја направи што веднаш свирна прекршок, пред младиот ас на Борусија да има можност да ја затресе празната мрежа.

Повторените снимки јасно покажуваат дека гостинскиот фудбалер прв доаѓа до топката, но бидејќи не станува збор за постигнат гол, ВАР нема право да реагира и да ја промени првичната судиска одлука.

Се вчитува...