Судот не простува ниту на националната икона: Одземена возачката на Вејн Руни

Вејн Руни во наредните две години не ќе може да го употребува својот „возен парк“, откако судот во Англија му ја одзеде возачката дозвола поради возење под дејство на алкохол. Пензионираниот репрезентативец на „гордиот албион“ беше уапсен на почетокот од септември, поради употреба на автомобил во пијана состојба, а судот во Стокпорт му врачи и казна од 100 часови принудна работа во следните 12 месеци, но ќе мора да ги плати и судските трошоци во вредност од 170 фунти.

Рекордерот по број на погодоци за англиската репрезентација, откако ја дозна својата казна испрати писмо до јавноста, во кое вели дека му е жал и дека се кае за одлуката да седне зад воланот во аклохолизирана состојба.

„По судската одлука сакам јавно да се извинам за моите погрешни постапки. Тоа што го направив е недозволиво, и потполно ја прифаќам казната знаејќи дека сум виновен за прекршокот. Се извинив и на моето семејство, како и на сите мои соигачи и колеги во Евертон. Сакам да се извинам и на фановите на Евертон, и на сите оние кои ме следат во текот на мојата кариера“, вели Руни во писмото.

Се вчитува...