Судот за спортска арбитража пресуди против Русите – останува забраната на ФИФА и УЕФА за настап

Судот за спортска арбитража (ЦАС) ја отфрли жалбата на Фудбалската федерација на Русија и руските клубови за суспензијата која ја донесе Меѓунардоната фудбалска федерација (ФИФА) и Европската фудбалска унија (УЕФА). Со тоа забраната за настап на руските фудбалски репрезентации и клубови на светските и европските натпреварувања останува на сила и во иднина.

ЦАС не гледа прекршување на правилата од страна на фудбалските органи и одлуките се во согласност со владите на останатите држави со цел зачувување на мирот, стабилноста и регуларноста во натпреварувањата ширум светот.

Притоа ја поддржа и одлуката за продолжување на рокот со која странските спортисти во руските клубови можат еднострано да го раскинат договорот со руските клубови до 30. јуни 2023.

Се вчитува...