Голема победа на Барселона – Нејмар ќе ги врати парите

Барселона преговара за да го врати Нејмар назад на „Камп Ноу“, но управата на каталонскиот гигант истовремено водеше и битка со Бразилецот, тужејќи се за бонусите од последниот договор што тој го потпиша со Барса.

Станува збор за бонусот за лојалност во висина од 50 милиони евра што Барса требаше да му го исплати на Нејмар со продолжениот договор во 2017 година. Каталонците ја платија првата рата во висина од 6,7 милиони евра, но само неколку месеци подоцна Нејмар реши да го напушти клубот прифаќајќи ја понудата за преселба во ПСЖ.

Тој дури и си бараше уште една рата од договорот, но судот пресуди целосно во корист на Барселона, каталонците не само што не треба ништо да доплатат, туку и ќе си ги добијат назад оние 6,7 милиони евра што му ги платиле пред три години на Нејмар. Причината е јасна – бонусот може да се добие само за лојалност и почитување на актуелниот договор, а Бразилецот со заминувањето непосредно по потписот на истиот ја прекршил клаузулата.

Останува да се види дали овој судски процес ќе влијае врз преговорите за враќање на Нејмар назад во Барселона.

 

Се вчитува...