Судски маки: Кристијано понуди 14 милиони евра, обвинителството му бара двојно повеќе

Една од причините за незадоволството на Кристијано Роналдо во Мадрид е и судскиот случај што се води против него за затајување на данок. Денеска беше одржано уште едно рочиште на кое двете страни не постигнаа договор – Кристијано понуди да плати казна во висина од 14 милиони евра и да ја прифати вината, но обвинителството останува децидно на својот став – асот на Реал да плати двојно повисока сума ако не сака да биде кривично гонет.

Обвинителите го повторија истото – Роналдо покрај сумата од 14,7 милиони евра за кои ја измамил државата да плати и казни, трошоци за судењето и камати. Севкупно – речиси 28 милиони евра. Или ќе се согласи да го стори тоа до 15 јуни, или веднаш по СП во Русија ќе се отвори кривична постапка против него“ – објавија шпанските медиуми.

Кристијано Роналдо е обвинет за даночно затајување во период од неколку години, за што обвинителството верува дека има цврсти докази. Тој се жали за недоволна поддршка од клубот во целиот случај, но јасно е дека и тој ќе мора да ја плати вкупната сума за спогодба со обвинителството, како што претходно тоа го сторија бројни фудбалски ѕвезди, меѓу нив и Лео Меси.

Се вчитува...