Супер Бојан Миовски без пардон: Го „тресна“ и Глазгов Ренџерс (ВИДЕО)

Бојан Миовски не престанува да ги тресе мрежите низ Шкотска. После голот минатото коло против гигантот Селтик, македонскиот репрезентативец вечерва постигна гол и против Глазгов Ренџерс.

Миовски во финишот од средбата, успеа една долга топка да ја стигне пред голманот на Глазгов, и да ја спроведе рутински во мрежата за израмнување 1-1, резултат кој е актуелен на полувремето.

Ова беше гол број 13 за Миовски во шкотскиот шампионат, или вкупно 20-ти во сезоната.

Се вчитува...