Супер-деби на Артур за Барса, Тотенхем совладан на пенали

Барселона по подобро изведување на пенали славеше над Тотенхем на првиот контролен меч на каталонскиот гигант во САД, што ќе остане запаметен по одличното деби на Артур во дресот на Барса. Бразилецот импресионираше на средината од теренот, постигнувајќи и гол за 2-0 откако претходно Мунир го отвори резултатот.

Тотенхем успеа да се врати и преку Сон и Нкуду стигна до реми, но во пенал-рулетот поумешни беа каталонските фудбалери, кои се радуваа на победата на крајот од овој интересен натпревар.

Проблем за Ернесто Валверде сигурно ќе претставуваат повредите на Денис Суарез и на Андре Гомеш, поради кои овие двајца играчи за врска нем да можат да настапуваат до крајот на американската турнеја.

Се вчитува...