„Супер-дедо“: Ел Хадари дебитираше на 45 години – со одбранет пенал

Есам Ел-Хадари испиша историја со денешниот настап на дуелот со Саудиска Арабија, откако 45-годишниот ветеран стана највозрасниот играч што бил дел од еден мундијалски натпревар.

Сепак, настапот на Ел-Хадари не е само ревијален, па така овој голман се претвори во „супер-дедо“, бранејќи го пеналот на Ал Мувалад во 41. минута. Со тоа, Ел-Хадари стана само четврти голман во историјата што на своето мундијалско деби успеал да одбрани пенал.

На ова СП тоа му успеа и на Исланѓанецот Халдорсон против Аргентина, а претходно Американецот Томи Меола во 1990 одбрани пенал на Чехословачка, а Перуанецот Квирога во 1978 одбрани удар од белата точка на селекцијата на Шкотска.

Се вчитува...